Шакур Стивенсон зборуваше за можна борба против Џервонта Дејвис или Девин Хејни

Американскиот боксер Шакур Стивенсон на 12 октомври ќе го брани светскиот шампионски појас на ВБЦ во лесна категорија против Џо Кордина, а нивниот меч ќе биде на програмата на големиот настан во Ријад, на чело со борбата за апсолутен шампион во полутешка категорија меѓу Артур Бетербиев и Дмитри Бивол.

Но, Стивенсон не може да побегне од прашањето на новинарот за можна мега борба против Џервонта Дејвис која ја носи титулата на ВБА во лесна категорија.

За време на гостувањето во подкастот на АРЛС, Шакур беше запрашан која борба му е поблиска – онаа против Тенк или Девин Хејни, а тој без многу размислување одговори:

„Мислам дека борбата против Тенк е повозможна“.

Мечот помеѓу Џервонта Дејвис и Шакур Стивенсон би бил судир меѓу двајца непоразени шампиони.

„Ма Тенк воопшто не е опасен тип, но е полн со самодоверба. Целосно верува во себе. Секој нокаут му дава уште поголема самодоверба. И мислам дека нашата борба може да се случи“, нагласува Шакур Стивенсон и додава дека нивниот мега меч би можел да биде договорен во следните 12 месеци.

Стивенсон не исклучува потенцијален дуел против Девин Хејни:

„Можно е, но не верувам дека има самодоверба како Тенк. Не сум сигурен дека толку многу верува во себе“..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON