Шакур Стивенсон наскоро би можел да добие противник. Имено, боксерскиот промотер Еди Херн потврди дека испратиле понуда до Флојд Шофилд во меч за шампионскиот појас во лесна категорија на ВБЦ.
По победата против Рене Телез Жирона, Скофилд покажа интерес за меч со шампионот, а двајцата си разменија остри зборови на социјалните мрежи и со тоа дополнително го разгореа интересот за потенцијална пресметка.
Херн истакнува дека преговорите за мечот меѓу Стивенсон и Скофилд се во тек, а дуелот би можел да биде на програмата на голем боксерски настан во февруари следната година.
„Откако се повреди Вилијам Зепеда, се свртевме кон Скофилд и тој сега е во игра. Разговараме и ако се постигне договор, ќе имаме голема борба“, рече Еди Херн и додаде:
„Тоа ќе биде пресметка на двајца непоразени млади таленти. И двајцата се полни со енергија, а тоа му треба на боксот“.