Шакур Стивенсон го продолжи својот совршен професионален скор и ја одбрани титулата на ВБЦ

Сребрениот олимписки медалист и актуелен трикратен шампион на ВБЦ во лесна категорија, Шакур Стивенсон, се врати дома во Њуарк за да го победи бронзениот олимписки медалист во 2016 година, Артем Харутјунјан во борба од дванаесет рунди во Пруденцијалниот центар во Њуарк, Њу Џерси.

Необичниот стил на Харутјунјан на постојано движење напред му задаваше на Стивенсон проблеми во првата и втората рунда. Во третата рунда Стивенсон го најде својот ритам, во последните секунди од рундата го удри Харутјунјан со левицата во брадата. Во четвртата рунда Стивенсон почна да оди напред, претежно добро удирајќи го Харутјујан. Во петтата рунда Стивенсон повторно оти напред покажувајќи дека Харутјунјан не може да се бори толку добро движејќи се наназад како што може кога се движи напред. На половина од шестата рунда десницата на Стивенсон ја најде брадата. Во последната минута Стивенсон го повреди со добар удар во телото. Неговата брзина на раката се покажа преголема за Харутјунјан, добивајќи ја шестата рунда по ред.

Во седмата рунда, на половина пат, Стивенсон го повреди Артем со лев аперкат во телото. Во деветата рунда Харутјунјан почна да кружи по рингот, а Стивенсон го бркаше со удари во телото. Судијата Ален Хагинс го предупреди Стивенсон во последните триесет секунди за слаб удар.

Во единаесеттата рунда, на една минута до крајот, Стивенсон силно го погоди Артем со уште еден удар во телото. Во дванаесетата и последна рунда Стивенсон бараше силен финиш пред своите навивачи, но жилавиот Харутјунјан не се предаде.

Тоа беше јасна победа за Стивенсон, иако можеби е разочаран што не ја доби со прекин. Резултатите на картите на судиите беа 119-109, 118-110 и 116-112.

Во конасловната борба на вечерта светскиот шампион во суперперо категорија на ВБЦ О’Шеки „Ајс вотер“ Фостер загуби со поделена одлука од олимпискиот златен медалист Робсон „Ел Браво“ Консеикао по 12 рунди.

Резултати од други борби на настанот:

Супер перо категорија: Вилијам Фостер III загуби со одлука од Еридсон Гарсија по 10 рунди.

Полутешка категорија: Келвин Дејвис го победи Кевин Џонсон со мнозинска одлука по 8 рунди.

Лесна: Абдула Мејсон импресионираше со запирањето на Луис Леброн-Попај на 1:18 од третата рунда од планираните осум.

Тешка: Али Фелиз го победи Робинсон Перез со едногласна одлука.

Перолесна: Кит Колон го запре Хантер Турбифил на 2:03 од втората рунда од закажаните 4.

Лесна категорија: Кејшаун Дејвис го победи Мигел Мадуен со одлука по десет рунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON