Шабан Трстена го тушира коронавирусот со хероите од „8 Септември“ и си замина дома (ФОТО)

Олимпискиот шампион Шабан Трстена го совлада коронавирусот по тешката борба со голема помош на докторите и медицинскиот пресонал од ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

Убавта вест ја соопшти Трстена на Фејсбук.

„Спортски поздрав до сите уште еднаш, со добри вести од болницата.

Навистона фала му на Бога, после тешкотијата доаѓа олеснуање браќа и сестри. Поздрав до целиот мој драг народ и пријатели, било каде сте и каде и да живеете. Почитувани драги пријатели, јас се разболев пред 20 дена и дојдов во болницата „8 Септември“ Скопје, поради овој проклет вирус. Пред 10 дена животот ми беше во опасност до смрт, од кој настрадаа многу наши пријатели, браќа, сестри, мајки, роднини и татковци заминаа на пат кон небото. Нека им е лесна земјата!

Јас, денес и секогаш, многу сум благодарен на Бога, што ми го сврти животот да живеам уште со сите вас, со добри луѓе на овој убав свет. Тоа беше мала победа над проклетсвото Ковид-19. Тоа беше победа заедно со сите во бели мантили кои се хероите на народот. Сега, денешниот ден петок, после 20 дена борба за живот добро сум, излегувам од болница, на пат сум кон дома и ќе ми треба многу време да се рехабилитирам од Ковид- 19. Ми треба време да си ја одморам душата. Драги луѓе и пријатели, уште еднаш со раката на срце и во мое име, Ви благодарам многу ….

Браво народе и пријатели. И тогаш, како млад спортист, докавжете и ме поддружувавте многу кога учестував на Олиписки игри и на секој друг голем светски натпревар. И јас давав се од себе, со срце се борав и ве радував, за целиот мој народ. Донесов се што можеше да донесе еден спортист – многу медали,титули, трофеи од цел свет. И сега, браво за втор пат ме поддружувавте и докажавте за моето здравје овие 20 дена кога бев во најтешка состојба во мојт живот, се борев со коранавирусот во болница за живот или смрт.

Јас уште еднаш во мое име од срце ви заблагодарувам за поддршката и вашите молитви што му ги упативте на големиот Бог за моето здравје. Што да кажам друго пријатели, пазете колку можете, јас го напуштам болничиот кревет. Дај Боже никој да оди таму – ни ти, ни јаа,ни тој, ни други. Да сте ми живи и здрави. Господ да ве заштити Вас и Вашето семејство од оваа болест. Со многу почит, вашиот спортист и пријател. Ш.Т“, напишта Трстена на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON