Сестрите на УФЦ борецот кој се обиде да ги убие: Го сакаме, помогнете му

Сестрите на УФЦ-борецот Ирвин Ривера, кој беше уапсен за обид да ги убие, издадоа официјално соопштение во кое јасно наведоа дека искрено го сакаат својот брат и се молат за неговото психолошко здравје.

31-годишниот борец нападнал две од неговите сестри и им нанел многу убодни рани, од кои ниту една, за среќа, не била фатална. Својата постапка Ривера ја објасни со фактот дека му било наредено од „повисоките сили“.

„Килц и јас сме добро, затоа сакаме само да ставиме до знаење дека тоа не е наша вина. Ние го сакаме нашиот брат и секој што го познава нашето семејство знае колку сме блиски и колку се сакаме. Затоа сакаме само една работа – нашиот брат да добие професионална психолошка помош што му е толку многу потребна.

Изминатите неколку дена, нашиот брат не се однесуваше како и обично. Не спиел и не разговарал со никого, целосно го изгубил интересот за тренинг, што е и смислата на неговиот живот. Ова ни пречеше, па влеговме во авионот да одиме кај него и да откриеме што се случува. За жал, работите се покажаа многу полоши отколку што можевме да замислиме, и пред да му помогнеме, тој целосно пропадна.

Не е лесно за нас и за нашето семејство, но ве молиме молете се нашиот брат да се освести и да се врати кај нас, бидејќи во последните 24 часа неговата психа беше искривена непрепознатлива. Повторуваме уште еднаш – го сакаме нашиот брат, го поддржуваме сто проценти и ќе се обидеме да му ја пружиме целата неопходна помош што толку очајно му е потребна“, се вели во официјалното соопштение на повредените сестри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON