Сестрите Каваи и донесоа две злата на Јапонија

Рисако Каваи (до 57 килограми) и Јукако Каваи (до 62 килограми) ја воодушевија цела Јапонија, освојувајќи олимписки титули во нивните категории.

26-годишниот Рисако Каваи, кој ја освоии олимписката титула во Рио де Жанеиро пред 5 години, но во категоријата до 63 килограми, сега освои втора, но во категоријата до 57 килограми, на „домашните“ Олимписки игри.

Постарата од двете сестри стартуваше успешно над претставничката на Гвајана со 8-2. Во четвртфиналето Рисако беше уште поубедлив 7-0 против Болдсичан од Монголија. Во полуфиналната битка се сретнаа две олимписки шампионки – Рисако Каваи и Хелен Марулис од САД (прва од Игрите во Бразил, но на 53 кг), Јапонката стигнаа тешко допобедата со 2-1.

Во финалето ја чекаше Ирина Курачкина од Белорусија, која ја совлада Бугарката Евелина Николова. Каваи не и остави шанси на претставничката на Белорусија и по 5-0 стигна до својата втора олимписка титула.

Во категоријата до 62 кг помладата сестра Каваи – Јукако го освои првото олимписко злато. На нејзиниот пат кон врвот на најпрестижниот спортски форум 23-годишната спортистка ги победи своите два најголеми противнички-Бугаркатат Таибе Усеин (во полуфиналето со 2-3) и претставничката на Киргистан – Аисулу Тинибекова, која нема загубено повеќе од 2 години на душекот. Пред тоа, Јукако Каваи ги совлада и Русинката Љубов Овчарова со 10-0 и Швеѓанката Хена Јохансон со 10-2.

Така, Јапонија може да слави за двете „златни“ сестри во борење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON