Серхан Шакиров светла точка во нашата репрезентација на ЕП

Серхан Шакиров е светла точка во нашата репрезентација на Европското првенство во борење (слободен стил) за У-23 во Скопје. Шакиров го совлада Арјан Данај (Албанија) 13-3, а во наредното коло загуби минимално од Романецот Кристијан Биро 12-14, кој е европски вицешампион до 20 години и прв на силниот Меѓународен турнир „Петко Сираков“.

Арбен Абази, Реџеп Хајдари и Омер Сејфулаху изгубија со тенички туш, но чекаат шанса за репасаж, бидејќи нивните противници се полуфиналето и со евентуален пласман во финалето ќе добијат нова прилика за докажување.

Борбата на Шакиров погледнете ја овој ЛИНК

Резултати

57 кг Бесир Алили – Алијабас Рзазаде (Азербејџан) 0-0 (0-5)

61 кг Арбен Абази – Нико Мегреле (Германија) 0-10

65 кг Елмедин Сејфулаху – Улаџислау Коика (Белурусија) 0-10

70 кг Фати Вејсели – Раул Зарбалиев (Израел) 1-11

74 кг Серхан Шакиров – Арјан Данај (Албанија) 13-3

74 кг Серхан Шакиров – Кристијан Биро (Романија) 12-14

79 кг Астрит Исмаили – Ерик Реинбок (Естонија) 0-10

86 кг Омер Сејфулаи – Андријан Гросул (Молдавија) 0-10

92 кг Реџеп Хајдари – Осман Нурмогамедов (Азербејџан) 0-10

97 кг Рамадан Мустафовски – Ертугрул Агца (Германија) 0-10

125 кг Увејс Фејзулаху – Ацмаз Теблоев (Русија) 0-10

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON