Серген Демиров (81 кг) убедливо е совладан од домашниот боксер Слободан Јовановиќ во полуфиналето на силниот Меѓународен турнир „Војводинска ракавица“ во Суботица, Србија.
Јовановиќ во синоќешниот меч славеше со едногласна одлука на судиите од 5-0. Сите судии му доделија победа од 30-26, а тоа покажува дека домашниот боксер цело време ја контролирал борбата и би надмоќен. За жал, Демиров не успеа да велезе во финалето, и како утеха му останува бронзениот медал кој му припадна како учесник во полуфиналето.
Да потсетиме дека преостанатите наши боксери Хурмет Јонузи и Бојан Мијалев беа совладани со прекин во првата рунда.
Борбата Демиров – Јовановиќ е прва.
https://youtu.be/EYnxIZMFO-c
.