Сергеј Спивак со завршница во првата рунда го совлада Марчин Тибура

Молдавскиот тешкаш Сергеј Спивак убедливо победи против Полјакот Марчин Тибура на настанот УФЦ на ЕСПН 61 во Лас Вегас.

На почетокот на првата рунда Спивак го изненади Тибура со одличен потег одзади, употреби лост на раката и го принуди противникот да се предаде.

Ова беше нивниот реванш од февруари 2020 година, но тогаш поуспешен беше полскиот борец, кој победи со едногласна одлука на судиите.

Молдавецот се врати со победа по поразот со технички нокаут од Сирил Гане минатиот септември.

Во конасловната борба Чепе Марискал со едногласна одлука на судиите го победи Дејмон Џексон.

Резултати од УФЦ на ЕСПН 61:

Сергеј Спивак – Марчин Тибура – ​​завршница (армбар), Р1 (1:44)
Чепе Марискал – Дејмон Џексон – едногласна одлука (30–25, 30–25, 30–26)
Дени Барлоу – Николај Веретеников – поделена одлука (29–28, 27–30, 29–28)
Крис Гутиерез – Куанг Ле – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Јана Сантос – Челзи Чендлер – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Тошиоми Казама – Харалампос Григориу – завршница (задушување триаголник), Р2 (1:55)

Воведни борби:

Карол Роза – Пани Кијанзад – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Џоната Диниз – Карл Вилијамс – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Јусеф Залал – Јарно Еренс – завршница (гушење од позади), Р1 (3:52)
Стефани Лучијано – Талита Аленчар – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27).

https://twitter.com/ufc/status/1822452297777217777

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON