Сергеј Ковалев докажа дека заслужува да биде во елитата на полутешка категорија.
Поранешниот боксерски шампион брзо се опорави од поразот од Андре Ворд и го победи Вјачеслав Шабрански, односно три пати го праќаше во нокдаун втората рунда со што борбата заврши со технички нокаут.
34-годишниот Ковалев ја освои ВБО титула која ја загуби од Ворд, кој потоа ја ослободи откако се пензионира пред два месеци.
https://youtu.be/1cG1G3Cno54
.