Сергeј Деревјанченко со победата над Кулкеј стана задолжителен предизвикувач за титулата на ИБФ (ВИДЕО)

Сергeј Деревјанченко (13-1, 10 КО) успешно се врати во рингот по поразот во октомври минатата година од Даниел Џејкобс за ослободентата титула на ИБФ во средна категорија.

33-годишниот Украинец во Минеаполис со едногласна одлука на судиите го победи еквадорско-германскиот борец Џек Кулкеј (25-4, 13 КО) со едногласна одлука и повторно стана задолжителен предизвикувач на ИБФ.

Судиите го бодуваа мечот 116-112, 116-112, 115-113.

Иако Украинецот победи, Кулкеј го зададе најзначајниот удар во борбата, кој во 10-тата рунда го исфрли противникот на јажињата.

Од 2015 до 2017 година Кулкеј ја држи привремената титула на ВБА во супервелтер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON