Според многумина, Сергеј Ковалев беше ограбен во мечот против Андре Ворд, Руссинот жали што воопшто му дозволил на Американецот да го чуе финалниот удар на гонгот и да се потпира на одлуките на судиите.
Ковалев го прати Ворд во нокдаун во втората рунда, но Американецот успеа да се опорави, а потоа и да го добие мечот со дискутабилна одлука на судиите.
Се очекува да биде организиран и втора средба, а рускиот боксер се закани дека овој пат ќе го нокаутира Американецот, без да мора да се потпире на бодувањето на судиите.
„Се разбира дека ќе има реванш. Ворд потпиша договор во кој пишува дека е должен да ми даде реванш, ако успее да ме победи – чесно или нечесно. Но кога ќе се случи тоа, не можам да кажам. Можеби во текот на првата половина на 2017 година“, изјави Ковалев.
„Веќе реков – ако се мисли себе за вистински шампион и ако смета дека го добил овој меч, нека го докаже тоа и во реваншот“.
Имајќи ја во предвид судската одлука во корист на Ворд, „Крушер“ се закани дека во реваншот по секоја цена ќе оди на нокаут.
„Се разбира дека ќе одам нокаут. Сега сфатив дека ако не забележам нокаут, на крајот на мечот може да бидам ограбен“.