Серегеј Димитриоски освои бронзен медал на Балканското џудо првенство во Пеќ

Серегеј Димитриоски освои бронзен медал на Балканското првенство во џудо за малди сениори до 23 години во Пеќ, Косово.

На Лилјана Недановска и Ива Богдановска медалот за малку им избега, тие се петтопласирани

Димитриоски во категоријата до 60 кг беше поуспешен од репрезентативците на Црна Гора и Босна и Херцеговина. Недановска и Богдановска беа на чекор до медал, но загубија во малото финале за освојување на бронзениот медал.

Забележителен настап имаше и Никола Магдески кој не успеа да стигне до борба за медал.

Денес ќе настапат Кристина Мантароска и Катерина Ацевска, како и натпреварите на репрезентацијата во екипна микс тим конкуренција.

Фото: ЏФМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО