Веќе објавивме дека на 18 и 19 јули се одржува Европското првенство во борење на плажа (песок) за У-15, У-17 и У-20 и Светската серија во борење на плажа за сениори во Темишвар, Романија, и дека БК Вардар доброволно, на свој тршок, се нуди да испарти борачи на ова првенство.
Првично од канцеларијата на Федерацијата за борење на Македонија ни рекоа дека има расположение нашата земја за прв пат да биде претставена на вакво првенство. Неколку дена чекавме да добиеме одговор дали младите борачи на Вардар ќе бидат пријавени, бидејќи роковите беа немилосрдни, притоа имаше малку и пинг понг, односно префрлање на одоговорноста кој што треба да провери и да пријави.
Како што објавивме во вторникот ако до среда не се не се пријават борачите од страна на ФБРСМ, тогаш се ќе остане желба. И така бидна, учеството на ЕП на плажа остана само желба.
Денес добивме одговор дека во календарот на Федерацијата нема предвидено настап на ЕП на плажа и дека нареден меѓународен настан е Светското првенство во У-17.
На прашањето дека клубот ги сноси сите трошоци, од Федерацијата одговорија.
„Не е проблемот за финансиските трошоци, пријавување се врши најдоцна 30 дена пред првенство, а ЕП започнува за 7 дена. Клубот има пратено е-маил 15 дена по затварање на пријавите. Борење на плажа е стил со различни правила од останатите стилови за кој нашиот тим се уште нема обука. Имаме во план да започнеме со обуки на тимот и учества од 2025 година. Како секој посебен стил и овој има посебни правила од УВВ, кои, ако не се испочитуваат, не одговара клубот, туку федерацијата. И затоа не смееме да дојдеме во ситуација лица кои не се обучени да учествуваат во овој стил. За нашата држава да учествува во овој стил или граплинг, треба УВВ да даде одобрение откако ќе ги завршиме потребните обуки“, вели Драгана Савева од канцеларијата ФБРСМ.
Според УВВ, последниот рок за пријавување е 26 јуни, a Вардар има контактирано со организаторот, но не е познато што им одговориле.
На ЕП требаше учествуваат Анстасија Трајчева (-55 кг) во У-15 и Кирил Сичков во У-20.
За жал на младите борачи, искуството ќе го собираат дома. За нив ќе беше коректно да им кажат веднаш дека не можат да настапат, а не да се чека до последен момент.