Сент Пјер: Верував дека сум непобедлив, но не беше така

Легендарниот Жорж Сент Пјер вели дека најпонижувачката работа во неговата кариера е шокантниот пораз од Мет Сера.

Тие се бореа во 2007 година во Тексас за титулата во полутешка категорија. Сент Пјер беше во серија од шетс последователни победи и штотуку го освои појасот по победата над Мет Хјуз. Како што се очекуваше, „Раш“ беше голем фаворит во битката, но, сепак, Сера успеа да победи со нокаут во првата рунда.

Тоа беше втор и последен пораз за 39-годишниот ММА борец. Тој тврди дека поразот го направил многу подобар и потоа забележал 13 последователни победи и 9 одбрани на титулата. Сент Пјер му се реваншира на Сера една година подоцна.

„Велат дека ништо не може да ве ослабне така како победите. Ова е вистина. Токму тоа се случи откако го победив Мет Хјуз. Мојот пораз од Сера ме направи многу посилен, затоа што си ја научив лекција од него. Победите ме ослабнаа. Јас бев новото лице на УФЦ, млад борец кој штотуку го победи Мет Хјуз.

Сите ме сметаа за непобедлив и почнав да верувам дека сум таков. Поразот од Мет Сера беше најпонижувачкото нешто во мојата кариера. Почувствував дека ги разочарав сите, иако поразот се покажа како позитивен, затоа што ме направи ова што сум денес. Тоа ме направи многу подобар борец“, изјавиЖорж Сент Пјер за поразот од Сера.

https://www.instagram.com/p/CD6kfs1puYQ/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON