Легендата Жорж Сент Пјер изјави дека никогаш нема да видиме борба меѓу него и Хабиб Нурмагомедов. Во последните неколку години, ова беше една од најпосакуваните борби во УФЦ. Нурмагомедов не престана да зборува дека неговиот татко сонувал за таков дуел.
Сент Пјер беше подготвен да се бори со Хабиб, но Дана Вајт го пресече и Жорж објави дека се повлекува од ММА. Потоа, Абдулманап Нурмагомедов почина, а неколку месеци подоцна Хабиб ја одбрани титулата и објави дека се повлекува од ММА.
До денес, Хабиб и Сент Пјер се во пензија и шансите за таква борба се минимални. Пред неколку недели, Али Абделазиз изјави дека Сент Пјер продолжува да инсистира на ваква средба со Дана Вајт.
Нурмагомедов е категоричен дека нема повеќе да се бори, а Сент Пјер за медиумите изјави оти таква битка никогаш нема да има.
Легендарниот шампион во две различни категории рече:
„Верувам дека ако 10 пати ја направиме оваа битка со Хабиб, тогаш секој пат ќе има различен исход. За жал, никогаш нема да ја видиме. Тајмингот беше проблем во УФЦ.
Жално е, но може да се види како позитивно тоа што и двајцата ја завршивме кариерата со големо наследство и ништо не е извалкано. Ова е добро“.