Машкиот македонски сениорски кендо тим овој викенд ќе учествува на 32-от Европски шампионат во Буве, Франција.
Со малку проретчен состав Македонија ќе ја претставуваат:
1.Андреј Атансовски
2.Игор Никовски
3.Менсур Бојда
4.Владимир Пешков
5.Александар Кеско
6.Матеј Ивановски
„Македонија се наоѓа во група со Малта и Португалија, две солидни и искусни селекции. Иако сме во малку проретчен состав очекуваме да ја поминеме групата и да се избориме за подобар пласман понатаму” изјави Андреј Атанасовски, капитен на македонската кендо репрезентација.