Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид, на 11 и 12 февруари организира семинар со професорот сениор гран мастер, Ким Унг Чол, црн појас деветти ден.
Воедно, Ким Унг Чол е и претседател на Комисијата за организирањето на турнири во рамките на Светската теквондо федерација.
„Во светот има двајца таеквондисти кои се носители на титулата сениор гранд мастер, а еден од нив, на наше задоволство, повторни ќе биде гостин во Охрид“, истакнуваат од Хва ранг ИТФ.
Фактички, со семинарот ТКД Хва ранг ИТФ ги започнува активностите во 2017 година.
Тренинзите од семинарот ќе се одржат во спорската сала „Тодор Александров“ во Велгошти.
Ipon.mk/В.Д.