Првакот во лесна категорија на УФЦ Ислам Махачев во февруари на настанот во Перт го победи предизвикувачот Александар Волкановски.
Австралиецот со македонско потекло минатиот месец се врати во октагонот и го победи Јаир Родригез со прекин во третата рунда, а петти пат по ред го одбрани појасот во перо категорија.
Волкановски, откако ја згази конкуренцијата во категоријата, е желен за нови предизвици, а една од неговите желби е сигурно реваншот против Махачев.
И тренерот на Ислам Хавиер Мендез покажа интерес за возвратна борба.
„Баш би сакал Махачев повторно да се бори против Волкановски. Прво би го сакал Алекс, а потоа нека оди по појасот во велтер категорија. Ислам сè уште има незавршена работа со Алекс. Останува уште многу работи неразјаснети, а борбата исто така ги исполни очекувањата“, изјави Хавиер Мендез и додаде:
„Тоа беше борба меѓу двајцата најдобри. Двајца шампиони се бореа и понудија многу, но од друга страна, многу работи останаа нејасни. Сакам Ислам да докаже дека е подобар борец од Алекс и затоа ја сакам оваа борба. Алекс е огромен предизвик и тоа ми се допаѓа“.