Утре на Светското првенство во борење слободен стил во Париз, Франција, ќе настапат нашите репрезентативци Елмедин Сејфулаху (-61 кг) и Владимир Егоров (-57).
Сејфулаху во квалификациите ќе се сретне со Харфул Харфул од Индија (душек Ц), а Егоров со Кореанецот Сунгвон Ким (душек Ц). Борбите почнуваат во 10 часот.
Наредниот ден ќе настапи и Мохамедгаџи Нуров во категоријата до 97 килограми.
Ipon.mk/В.Д.