Сејџ Норткат се среќава со Џон Макдеси на УФЦ 214

Серијата на повреди која го снајде УФЦ зеде уште една жртва, последен на листата е Клаудио Пуелес, кој беше принуден да се повлече од битката против Сејџ Норткат на 29 јули во Анахеим, Калифорнија.

Како резултат на тоа, Џон Макдеси ќе го заземе местото на Пуелес и ќе се соочи со „Супер“ во мечот во лесна категорија за време на УФЦ 214, настан кој ќе биде предводен од најочекуваниот реванш во полутешка категорија меѓу шампионот на дивизијата Даниел Кормиер и поранешниот првак Џон Џонс.

Нема да му биде лесно на Норткат, Макдеси е искусниот борец кој има 13 борби до овој момент. Сепак, Макдеси не е во најдобра форма, а изгубил четири од последните шест средби.

УФЦ 214 на фајт-карта ја вклучи и битка за титулата во перо категорија во женска конкуренција меѓу Крис Киборг и Меган Андерсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON