Сејџ Норткат: Брус Ли ме воодушеви (ВИДЕО)

Сејџ Норткат ќе дебитира за новата организација ОНЕ Чемпионшип: Ентер д’драгон, кој ќе се одржи на 17 мај во Сингапур.

Норткат е во серија од три последователни победи и одлучи да се раздели со УФЦ, за да проба нешто ново. Тој ќе се бори против Козмо Александер во полусредна категорија. Од ОНЕ решија да пушти видео со Норткат, во кое зборува за својот пат до сегашноста.

„Мислам дека она што ме привлече во ММА е тоа што имав идол. Како дете ги гледав филмовите на Брус Ли и ги видов неговите удари и карате стил. Беше многу брз и веднаш посакав да го правам она што го правеше Брус. За првпат почнав да се занимавам со боречки спортови кога имав само четири и пол години. И кажав на мајка ми и на татко ми дека сакам да научам карате. Тогаш учителот ми рече дека сум премногу млад за да учам, но родители ми рекоа дека ќе се справам со тоа. Тоа целосно ми го промени детство.

Се научив на почитување, дисциплина и како да се справувам. Сите овие работи ме направија она што сум денес. Всушност, почнав да трчам кога имав четири години, што е лудо. На 7 години патував низ целиот свет, за да се натпреварувам. Тоа што се натпреварував пред големи толпи уште од дете ми помогна да излезам на големата сцена и да не бидам нервозен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON