На џудистите од прилепскиот ЏК Сеишин викендов им беше успешен, откако освоија пет медали со седум пријавени натпреварувачи на турнирот „Адем Јашари“ во Приштина, Косово. Бобан Глигуроски го освои 2-рото место, додека Кристијан Ѓураков, Мартин Тодорчески, Марио Цинцароски и Александар Петрески беа трето пласирани.
Одлични борби прикажаа Тале Трајкоски и Марио Тошески но не успеаја да изборат место на пиедесталот.
На турнирот учествале над 300 натпреварувачи од Турција, Романија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Мали, Македонија, Албанија и Косово.
ipon.mk