Џудо клубот Сеиши добил три понуди за учество на меѓународни турнири во Црна Гора –Рожаје, каде што ќе се одржи и тренинг камп на 24 и 25 септември, потоа Босна и Хрцеговина-Мостар на 1 и 2 октомври, а во истиот термин и во Грција, Аминдео.
Од клубот велат дека настапите ќе зависат финасиската конструкција. Од друга страна, сите структури на клубот се ангажирани околу подготовките на 8-от Меѓународен турнир „Прилеп – град херој-2016“ по повод празникот 11Октомври, кој ќе се одржи на 9 окотмври. Неколку клубови од Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора го најавиле учеството на турнирот. Организаторот очекува над 100 натпреварувачи од странство.
„Се надеваме на уште подобри спортски резултати на преостанатите државни натпревари за втората полусезона. Хендикеп е што на покана на селекторот на сениорската репрезентација за претстојното Балканско првенство во Црна Гора не може да учествуваат државните прваци од нашиот клуб Владимир Талески -81 кг, кој е во странство и Јове Божиноски (+100 кг) кој има полесна повреда“, велат од Сеишин. Балканското сениорско првенство ќе се одржи во Игало, Црна Гора од 2-4 септември.
Ipon.mk/В.Д.