Eкипата на ЏК Сеишин од Прилеп го освои првото место на Државното екипно првенство за сениори кое се одржа денеска во Прилеп.
Второто место и припадна на екипата на Пролетер-Прилеп, а третото на Миоки -Скопје.
Во женска конкуренција првото место го освои Миоки, со тоа што таа беше единствената екипа на Државното првенство.
Во машка конкуренција настапија 3 екипи и тоа: Сеишин, Пролетер и Миоки.
„Ова е последен натпревар за натпреварувачката 2016 година, по кој, од страна на Натпреварувачката комисија, треба да се сумираат севкупните резултати. Сеишин до крајот на годината ќе го организира предновогдишен клупски турнир за најмладите возрасни категории, по што ќе следува кратка пауза во преодниот период во јануари. Стручниот штаб на клубот е задоволен со освоените резултати и им честита на сите свои натпреварувачи за остварените успеси во натпреварувачката 2016 година“, велат од клубот.
Резултати
Сеишин – Миоки 7-0
Сеишин – Пролетер 4-3
Пролетер – Миоки 7-0
Ipon.mk/В.Д.