Сеишин пригодно го одбележува денот на џудо турнирот „Прилеп град херој“

Џудо клубот Сеишин денеска во 12 часот ќе го одбележи денот кога се одржува Меѓунардониот турнир „Прилеп град херој“ кој заради пандемијата на коронавирусот годинава не се одржува.

Одбележувањето ќе се случи во „Парк на Могилата“ (главен влез наспроти Кермес кај справи за вежбање) во Прилеп. Притоа ќе се направи и примопредавање на спортска опрема од страна на холандско здружение наменета за Сеишин.

По овој повод клубот ги поканува сите свои актуелни членови, поранешни членови, пријатели, соработници, поддржувачи и сите помагатели во активностите, а особено за традиционалниот турнир „Прилеп град херој“, на заедничко симболично обележување на овој настан.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON