Седум злата за македонските пеливани на Балканските турнири (ФОТО)

Pelivani Kosovo Lubinje pobenici 2016

Со завршувањето на вчерашниот трет Балкански турнир во пеливанско борење во Лубиње – Косово. македонските пеливани освоија вкупно седум златни медали, Бугарија 6,Турција 2, Албанија 2 и Грција со 1 бронзен медал.

Pelivani Kosovo Lubinje borba 2016

Да посетиме дека првиот турнир беше одржан на 30 јули во МК –Кичево, додека последните два турнири во Косово. На последниот Горно Лубиње учествуваа шест балкански земји: Македонија, Албанија, Бугарија,Турција, Грција и Косово.

Pelivani Lubinje Kosovo dvajca 2016

„Нашите пеливани според очекувањата ги подврдија нивните квалитети во лесните категории Фати Весели, Бислим Муртезани, Стојаче Данилов, Бехар Махмути, Мики Тодоров, Буњамин Нухишии во полутешка категорија (башалтии) и во тешака категорија (баш ) најдобри беа нашите пеливани Орхан Имери, Самир Ибраими, Аце Арсов, а во баш категоријата Рамазан Бакија, Мухамед Весели, Бобан Данов, додека бугарски претставници беа Николај Куртелиев (Европски вицешампион во 2016 год), Иван Далаверски – европски вицешампион, Мирослав Гешев – европски вице шампион. Секако и турскиот тешкаш -баш пеливан и финалист од најголемиот светски турнир, што се одржува во Турција во Едрене (Киркпинар) Амет Јавуз. Со ова покажавме колку се сака спортот и традицијата во Македонија, но, за жал, од државата, односно од пеливанската федерација не добиваме никаква поддршка и средства, која е должна до го помогне овој спорт. Сепак, сме оптимисти дека со спортот ќе раководат вистински спортски менаџери што го сакаат спортот“, изјави професорот по спорт, Хамид Бакија.

Pelivani Kosovo Lubinje 2016

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON