Пет медали за Тигри на „Хереа опен 2019“ во Софија

Таеквондо клубот Тигри во.екипна конкуренција го зазеде 7 место од 46 клубови за јуниорки на Хереа опен 2019 во Софија, Бугарија. Тигри освои – 2 златни и 3 бронзени медали за тигрите.

Тигри настапи со седум натпреварувачи во А класа.

Медалите ги освоија

1.Мила Рељиќ – златен медал јуниорки -68 кг

2.Александра Крстиќ – бронзен медал јуниорки – 59 кг

3.Тамара Младеовска – јуниорки бронзен медал – 63кг

4.Ивона Блажевска – бронзен медал пионерки – 36кг

5.Јана Блажевска – златен медал пионерки – 33кг

6.Давид Божиновски – пионери – 33 кг

7.Драган Петковски – пионери – 33кг

Александра Крстиќ и Мила Рељиќ буквално ги декласирале своите противнички во 1.коло со по 30 односно 50 поени разлика.

„Во полуфиналето Александра загуби од балканската шампионка од Бугарија а Мила полуфиналната борба ја победи со тесен резултат од 3-1 во дополнителната златна рунда и на само неколку секунди пред крајот на мечот. Во финалната пресметка противничката на Мила ја предаде борбара уште пред мечот. Одлично резултати направија и пионерите кои прв пат се борат во А класа, но мораме да признаеме дека за Ивона Блажевска која во првото коло победи со 11-10, во полуфиналето водеше со 23-12, бугарскиот судија субјективно процени дека нашата Ивона не е способна да ја продолжи борбата и победата и ја додели на противничката“, вели тренерот на Тигри Александар Ефтимов, истакнувајќи дека жестоко реагирал на оваа одлука, но и покрај искрените одлуки на останатите судии главниот судија не сакал да ја промени одлуката.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON