Седум медали за Пролетер на „Локомотив опен“ во Софија (ВИДЕО)

proleter-piedestal-lokomotiv-open-2016

Викендов што помина Џудо клубот Пролетер освои 7 медали – 2 златни, 3 сребрени и 2 бронзени на Меѓународниот џудо турнир „Локомотив опен“ во Софија, Бугарија.

proleter-postrojuvanje-lokomotiv-2016

Двете најтрофејни девојки од клубот, Теодора Димеска и Хелена Зографоска, освоија златни медали со одличен настап. Сребрени медали освоија и  младиот и перспективен  натпреварувач Филип Споркоски и искусниот пионер Марко Кироваков кои изгубија во финалната борба.

Бронзени медали освоија Галески Тадеј, Петрески Мартин и Димеска Теодора ( кадетки).

proleter-sedat-lokomotiv-2016

На турнирот учествуваа 854 натпреварувачи од 51 клуб од 6 држави.

„Младите натпреварувачи на  Пролетер беа доста борбени и храбри на овај турнир, се надеваме дека со исто темпо ќе продолжимее да направиме и поголеми успеси“, велат од Пролетер.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON