На купот за деца и помлади кадети „Сараево Гранд при – Опен куп 2025“ македонските кикбоксери освоија 7 медали – 2 златни, 3 сребрени и 2 бронзени.
Медалите ги освоија:
Христијан Колев – сребрен, -32 кг млади кадети кик лајт почетници
Љупчо Коштанов – златен, -37 кг млади кадети кик лајт почетници
Анстасија Денковска – сребрен, -47 кг млади кадети кик лајт почетници
Саве Корчовска – бронзен, -65 кг постари кадети кик лајт почетници
Драгица Глигорова – златен +65 кг постари кадети кик лајт почетници
Константин Георгиев – сребрен, -28 кг помлади кадети кик лајт
Јосиф Колев – бронзен -42 кг млади кадети кик лајт
На купот учествуваат 189 младинци со 211 влезови од 58 клубови од 9 држави.
Утре и во недела се главните случувања, почнува ВАКО Европскиот куп „Гранд при Сараево 2025“ во Сараево, Босна и Херцеговина.