Седум медали за македонските џиу џицу натпреварувачи на „Видовдан опен 2019“

Македонските џиу џицу клубови Дан кју и Осенсеи вчера имаа успешен настап на Меѓународниот турнир „Видовдан опен 2019“ во Бања Лука, Босна и Херцеговина, освојувајќи 7 медали – 2 златни, 2 сребрени и 3 бронзени.

Медалите ги освоија:

Ева Димитрова и Станислав Грпов – златни

Зоки Колевски – Данил Николиски – сребрени

Антонио Стојчески, Христијан Јованов и Јаким Колевски – бронзи.

Стефан Донев беше петти.

Тренерите Александар Ацевски и Виктор Велинов велат дека нивните натпреварувачи биле одлични и лавовски се бореле.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON