Каратистите на нашиот стручњак Борис-Борче Лескаровски повторно на висината на задачата на натпреварувањата во Швајцарија. Во трето коло на Швајцарската карате лига во Нојшател, Ла Лендон, на 9 и 10 септември, каратистите на Кашива кан од Бил Бине имаа речиси 100 отстотен учинок, со 8 натпреварувачи освоија 7 медали – 3 златни и бронзени.
Осмиот е дисквалификуван, инаку претендент за златен медал, но судиското уверување е последно.
Кашива кан е 9 во вкупниот пласман, што за Лескаровски е одличен резултат, ако се има предвид дека другите настапиле со 30 и повеќе каратисти.
Медалите Кашива кан ги освоија:
Златни
Марва Бутрасит У-10 кати и У-12 борби -30 кг
Танџел Шахин У-18 борби -55 кг
Бронзени
Лија Тилјо Гама У-14
Лукас Мендез Алесио У-12 -38 кг
Рафаел Контрерас У-15 -53 кг
Јан Контрерас У-16 -63 кг
На ова натпреварување учествуваа 539 каратисти со 772 натпреварувачки влезови од 63 клуба.