Седум медали за џиу џицу репрезентацијата на „Бања Лука челинџ“ – Катерина Ацевска освои две злата

Македонските џиу џицу репрезентативци се враќаат со седум медали од Меѓународниот турнир „Бања Лука челинџ“. Нашите натпреварувачи освоија 3 златни, 2 сребрени и 2 бронзени медали.

Катерина Ацевска е прогласена за најдобар борец во женска конкуренција, а Марија Треневска во У-16.

Медалите ги освоија:

Катерина Ацевска сениори +70 кг освои две злата
Марија Треневска У16 +63 кг сребрен и бронзен
Зоран Колевски У18 -62 кг – златен и сребрен
Антонио Стојчески У18 -69 кг – сребрен и бронзен
На турнирот ќе настапија натпреварувачи од 9 држави со околу 500 борци.

Ова контролен турнир, предпоследен, пред Светското првенство на 28 октомври на Крит во Грција, а потоа следува и настапот во Сараево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON