Карате клубот Ботони имаше забележителен настап на Меѓународниот турнир „Арена куп –Белград“ кој се одржа вчера во главниот град на Србија освојувајќи пет златни и два сребрени медали.
На турнирот со 530 натпреварувачи шестчлената екипа на КК Ботони ги постигна следните резултати:
Моника Јовановска (2005, -44 кг) сребрен медал,
Илина Атанасоска (2004, -45 кг ) сребрен,
Марија Данчевска (+50 кг) златен,
Екипно кумите жени 2004 г. (Данчевска и Атанасоска)- златен,
Дарко Гелевски (2004, -42 кг) златен,
Витомир Трајковски (2004, + 52 кг) златен.
Викторија Јовановска (кадети, -54 кг) златен.
Ipon.mk/В.Д.