Седум дена, голема разлика: Погледнете како заздрави лицето на Диего Лопез само неколку дена по мечот (ФОТО)

Вистинска војна се водеше меѓу Диего Лопез и Александар Волкановски минатиот викенд на настанот УФЦ 314. Се бореа цели пет рунди и цели 25 минути за појасот на УФЦ во перо категорија, а Александар Волкановски излезе како победник на тој меч.

Перо категоријата доби ново-стар шампион, а Волкановски стана првиот борец на возраст над 35 години кој освоил појас во под велтер категорија (-77 кг). 36-годишниот Волкановски докажа дека се уште не е подготвен да биде отпишан и дека може да се натпреварува со најдобрите во светот.

Диего Лопез беше разочаран од исходот на борбата, но не разочара никого со својот настап. Бразилецот со мексиканска адреса му пружи извонреден отпор на веројатно најголемиот борец во историјата на перо категорија, а на крајот од втората рунда успеа да го затресе Волкановски и којзнае што ќе се случеше ако не се огласеше ѕвончето неколку секунди подоцна за да заврши рундата.

Волк успеа да го преживее нападот на агресивниот Лопез, се опорави меѓу рундите и продолжи да врши одлична работа. Волкановски на тој меч погоди 158 значајни удари, а Лопез ја најде целта со 63 значајни удари. Факт е дека Волкановски направи повеќе и заслужено славеше, а штетата што ја нанесе Волк со неговите удари беше видлива на лицето на Лопез.

Но, Лопез одлично заздрваува од сета штета што ја претрпе. На социјалните мрежи сподели фотографии на кои се гледа како од ден на ден заздравува. Само шест дена по мечот, на Лопез многу малку се гледаат последици од борба и доста добро заздравува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hablemos MMA (@hablemosmma)

Интересно е да се спомене дека Спорската комисија му изрече лекарска суспензија на неопределено време на Лопез. Вообичаено вакви суспензии се издаваат на одреден број денови, но Лопез најверојатно има знаци на некаква повреда и ќе мора да оди на дополнителни прегледи за да ја врати лекарската дозвола за да се натпреварува на настаните што ќе се одржат на Флорида.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON