Утрово македонската бокс репрезентација отпартува на силниот Меѓународен туренир 67. „Златна ракавица” во Ниш, Србија, од 12 до 15 декември.
Македонија на реномираниот турнир ќе настапи со седум боксери:
Наум Стојановски 71 кг, Лука Трифуновиќ. 67 кг, Ебуталип Агушев 54 кг и Ардијан Рустемовски 60 кг во младинска конкуренција, додека Енис Алиу 75 кг, Ален Рустемовски 60 кг и Ружди Рустемовски 63.5 кг ќе се бореат во сениорска конкуренција.
Националниот тим во Ниш ќе го предводат тренерите Владими Цекиќ и Мухамед Алија, додека во делегацијата уште се и националните судии Мејдин Бајрамов и Артан Алију.
Пред заминувањето за Ниш претседателот на Националната боксерска федерација Кристијан Андреевски им посака среќа и добар настап на нашите натпреварувачи со желба по Балканското првенство во Лозница и Гран при Загреб, серијата на успешни резултати на македонските боксери да продолжи и во Ниш.
На турнирот ќе настапат 100 боксери во машка и женска конкуренција од 10 држави.