Седмата Душица Бреслиева е најдобар кадет на СП, Стефан Стојановиќ утре се бори за бронза

Душица Бреслиева со пласманот на седмото место е кадет со најдобар резултат на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција, Италија.

Бреслиева извојува две победи, а потоа беше поразена од Викторија Каржај од Полска 1-3, која се пласира во финалето, па така и овозможи репасаж.

Бреслиева добро стартуваше во репасажот победувајќи ја Луци Буковска (Чешка) 3-0, но во борбата која и овозможуваше меч за бронзениот медал загуби од Адријана Бојаџиева од Бугарија 0-4.

Така, Стефан Стојановиќ утре ќе се бори за бронзениот медал на СП во У-21 и за честа на македонското карате, но и за репутацијата најдобар млад каратист. Стојановиќ во вакви битки излегувал како победник, се надеваме утре на негов усепх. За бронзениот медал ќе ги одмери силите со Николаи Секот од Германија.

На СП учествуваат 1990 спортисти со 1936 натпреварувачки влезови од 113 држави.

Резултати – Светско првенство за кадети, јуниори и У-21:

Кадети
Ката
Блерина Зендели – Каролина Кискова (Словачка) 37,60-38,00
Борјан Димовски – Адам Чудури (Бангладеш) 31,70-33,00

Жени
-47 кг
Блина Горенца – Јоана Касулиди (Кипар) 1-4

-54 кг
Душица Бреслиева – Јау Ло Цз (Хонк Конг) 8-0
Душица Бреслиева – Карина Михаела Сулу (Романија) 9-1
Душица Бреслиева – Викторија Каржај (Полска) 1-3
Репасаж
Душица Бреслиева – Луци Буковска (Чешка) 3-0
Душица Бреслиева – Адријана Бојаџиева (Бугарија) 0-4

-61 кг
Анастасија Смилевска – Валерија Кристофилаку (Грција) 3-5

+61 кг
Јана Тануровска – Есма Реџиќ (Швајцарија) 0-4

Мажи
-52 кг
Дамјан Митревски – Анастиос Филијакгос (Грција) 1-4

-57 кг
Јован Враклевски – Рашед Алсереиди (ОАЕ) 0-4

-63 кг
Дарин Куртановиќ – Хуберт Гржибек (Полска) 1-6

-70 кг
Марко Филиповски – Арциом Дарафејук (неутрален) 2-5

+70 кг
Даријан Николовски – Аветис Жевондјан (Ерменија) 2-3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON