Се враќа ли Федор Емелијаненко и на боксерски меч против стар познаник?

Еден од најголемите ММА борци на сите времиња Федор Емелијаненко го имаше последениот меч во февруари 2023 година кога со прекин во првата рунда загуби од шампионот Рајан Бадер на настанот на Белатор во Инглвуд.

По таа борба „Последниот руски император“ најави дека се пензионира, но се чини дека се уште нема намера да престане. Имено, 47-годишниот Федор, како што пренесуваат руските медиуми, наскоро би требало да зачекори во рингот против стариот познаник Андреј Арловски.

Емелијаненко на почетокот на годината изрази желба за боксерски меч против поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану, но се остана само прозивка.

Според ММА ред корнер, Федор Емелијаненко (40-7, 1 НЦ) треба да боксира во реваншот против Андреј Арловски (34-24-0, 2 НЦ). Тие се соочија во јануари 2009 година на ММА меч организиран од организацијата Афликејшн.

Пред таа борба Арловски имаше пет победи во низа, а тогаш беше подобар од Фабрицио Вердум, Бен Ротвел, Рој Нелсон…

Борбата на настанот во Анахајм траеше само 3:14 минути, Федор со нокаут го запре Андреј.

Доколку нивната борба биде официјално договорена, тоа ќе биде боксерско деби и за двајцата.

Последниот меч на Андреј Арловски беше во јуни кога со поделена одлука загуби од Мартин Бади на настанот УФЦ 303 во Лас Вегас, што беше негов четврти пораз во низа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON