Се враќа Микел Кеслер

Тимот Зауерланд најави голема прес-конференција во Копенхаген за да ја објави одличната вест за данскиот бокс.

Според данските медиуми веста е враќањето Микел Кеслер (46-3, 35 КО).

38-годишниот „Викинг воин“ треба да биде учесник на турнирот на Светската боксерска супер серија вреден 50 милиони долари кој почнува наесен.

Кеслер последен пат се бореше пред речиси четири години кога во Лондон загуби од Карл Фроч. Во кариерата претрпе само три порази (Фроч, Џо Калзаге, Андре Ворд) и никогаш не бил нокаутиран. Четири пати ја освои светската титула во супер средна категорија.

Се уште не е познато дали ќе се врати во супер средна или во полутешка категорија.

Првата сезона на турнирот ќе се одржи во две категории, со вкупно 16 боксери (во секоја категорија по осум) и 14 настани.

Стручното жири треба да ги избере учесници меѓу најдобро пласираните боксери на ИБФ, ВБА, ВБО и ВБЦ листите. Четвртфиналето се планира за септември и октомври, полуфиналето во јануари следната година, а финалето во мај.

https://youtu.be/Ayya2qAVoVQ

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON