По четири и пол години надвор од рингот Маркос Мејдана (35-5, 31 КО) најави враќање.
Поранешниот светски шампион во две тежински категории објави видео во кое тој ги предизвика Флојд Мејведер, Мани Пакијао, Канело Алварез и Амир Хан.
„Флојд во првата борба те победив, во втората ти го скршив забот и сето што недостасува е трет меч. Тука сум и подготвен сум за враќање. Хан, Канело, Мани Пакијао, тука сум“.
35-годишниот Аргентинец не се борел по поразот во реванш со Мејведер во септември 2014 година. Во првиот меч во мај истата година Мејдана му пружи многу добар отпор на Мејведер, дури зададе 221 удар, што беше најмногу во 38 борби на Мејведер во кои се водеше оваа статистика. Но, Мејведер беше исклучително прецизен со силни удари и успешно пласираше дури 65 отсто „моќни удари“ на патот до победата со мнозинска одлука. Американците погоди вкупно 54 проценти во споредба со 26 отсто од ударите на Аргентинецот.
Мејдана во рингот во мечот за обединување на титулите во влетер категорија влезе со 75, додека Мејведер остана на 66,7 килограми.
Во возвратниот меч Мејведер беше многу поуверлив, но Аргентинецот сериозно го здрма на крајот на третата рунда. Во осмата рунда се случи бизарна ситуација кога Мајдана го гризна Мејведер преку ракавицата.
Од прозваните боксери Мејдана во 2010 година се бореше со Амир Хан за ВБА појасот во суперлесна категорија и изгуби со едногласна одлука на судиите.
Тешко е да се каже колку е сериозен Мејдана во врска со овој предизвик, бидејќи е очигледно дека не е ни блиску до потребната тежина за упервелтер (70 кг).
.