Братот на поранешниот светски шампион Владимир Кличко – Виталиј може да се врати на рингот. Таквите гласини се појавија во Украина пред неколку дена, а 44-годишниот актуелен градоначалник на Киев требаше лично да одговори дали може тоа се случи.
Постариот од браќата Кличко беше изненаден од спортското прашање на прес-конференција за проблемите на украинската престолнина.
„Не. Тука имам голема одговорност и мојата работа не го дозволува тоа“, изјави Кличко, кој ја заврши кариерата во 2013 година.