Поранешните колеги од борењето Санде Сане Коцев и Абдула Таиров се сретнаа по 40 години.
Борачот на Балканец по повод оваа изненадувачка и прекрасна средба, Санде Сане Коцев ќе напише:„Драга средба со мојот пријател и колега од борењето Абдула Таиров. По повеќе од 40 гоидни во мојот дом. Абдула живее и работи во Шведска. Голема чест ми направи“!
Домаќинот непропушти прилика на драгиот пријател да му ја подари неговата книга „Мојот спортски пат“ со посебна посвета. Таиров морал да го проба и медот што го произведува Коцев.
Таиров настапуваше за БК Вардар, а беше еден од најдобрите пеливани во Радовиш и Струмица. Потоа кариерата ја продолжува во Шведска, каде што работи како тренер.
Санде се присетува какви биле нивните дуели на Дражвните првенства.
„Неколку пати се сретна со мене и Киро Ристов. Го поведувавме. Тогаш имаше голема конкуренција 15-20 борачи во категорија. Ако можете да си замислете како било во една категорија во која се Киро Ристов, Методи Стоилов-Столе од Спартак, Таиров и јас. Кој ќе биде прв? Ни Господ не знаеше, по два дена борење“.