Популарната дисциплина борбено (комбат) самбо ќе биде во фокусот на филмот „Лига на војни“. Тој ќе ја претстави приказната за момче кое расте со овој спорт и доживува низа тешкотии.
Главната улога ја игра Фјодор Дурјуманов, кој е светски шампион во борбено самбо.
Настаните се темелат на вистински настани од неговиот живот.
Од детството, во адолесценцијата, воената служба, специјалните сили и неговото учество на меѓународни натпревари.
Зошто тој?
Креаторите на филмот го дефинираат како херој на нашето време. Тие го сметаат неговиот живот за многу интересен и благодарение на сето она што го преживеал сите можеме да научиме од него.
Филмот ќе ги претстави акциските сцени што е можно поавтентично, за разлика од повеќето продукции во денешно време.
Покрај борбениот дел, заплетот на дејствието ќе кулминира со љубовна приказна, појавта на друга жена, дете и сè друго што му се случило на Федор.
Филмската екипа тврди дека главната цел е да се промовира самбо спортот.