Изминативе неколку години Конор Мек Грегор повеќе е активен надвор од рингот, отколку во него. Очигледно е дека не прекинува со своите глупости.
Иако пред извесен период кажа дека нема да пие и дека сите лоши работи ги оставил зад себе додека напорно тренира за да се врати во рингот, се чини дека не е така.
Тој објави видео на коешто се гледа дека има конзумирано алкохол, а прашање е дали има и некои други недозволени супстанци во неговото тело. Во секој случај, ова е уште еден доказ дека ММА-ѕвездата не е во најдобра состојба.