Се појави организација заинтересирана за Андерсон Силва

Основачот и поранешен сопственик на „Прајд“, Нобујуки Сакакибара, кој сега е претседател на Борбената федерација Ризин (Rizin Fighting Federation), изрази интерес да потпише договор со поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија Андерсон Силва. „Пајакот“ веќе не е дел од најголемиот синџир, а другите поголеми организации исто така не се заинтересирани да го привлечат во своите редови.

„Имам одлични спомени од деновите на „Прајд“ со Андерсон Силва, и според мое лично мислење, неговата кариера навистина започна во Јапонија. А слушнав дека Јапонија сè уште има посебно место во неговото срце“, рече Сакакибара.

„Сакам да му помогнам да ги исполни своите желби од почит кон неговите достигнувања и она што го направи за нашиот спорт. Сè уште не разговаравме со него, но се прашувам дали тој ја гледа смислата во почнувањето на последното поглавје од неговата кариера во Јапонија“, додаде тој.

Кон крајот на минатиот месец, 45-годишниот Силва го претрпе третиот пораз во низа, губејќи во четвртата рунда со нокаут од Јураја Хол, по што УФЦ официјално го ослободи поранешниот шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON