Се појави нова снимка од тренингот на Френсис Нгану за мечот против Фјури, и се уште изгледа лошо

Кон крајот на овој месец ќе има боксерски меч меѓу Тајсон Фјури и Френсис Нгану. Пресметката меѓу шампионот на ВБЦ и поранешниот УФЦ борец закажана за 28 октомври во Саудиска Арабија предизвика многу дискусии и критики.

Има многумина кои веруваат дека Џипси Кинг ќе оствари лесна и убедлива победа без разлика што еден од најопасните нокаутeri во светот ќе биде во рингот.

Видеата од тренинзите на Нгану беа само дополнителна храна за критичарите на бесмисленоста на тој меч, а љубителите на боксот често ги користат зборовите „уморен“, „вкочанет“ и „несмасен“ во своите коментари за Френсис.

Така е и со последното видео од тренингот на поранешниот шампион на УФЦ, кој се уште изгледа лошо, а делува прилично исцрпено и уморно.

Но, без разлика на критиките, Нгану поседува моќен удар, како и вештините што ги користеше во ММА борбите и може да му претставува голем предизвик во рингот на Фјури.

Тоа го потенцира и спаринг партнерот на Френсис, Карлос Такам, кој од прва рака го почувствува ударот на Нгану.

Францускиот боксер, кој е роден во Камерун како Френсис, верува дека Нгану може да го нокаутира Фјури со еден десен удар.

„Френсис има неверојатно моќен удар. Ако Фјури го изведе тој удар, нема да стане толку лесно како против Вајлдер. Нгану ќе победи, а потоа двајцата ќе се соочат во ММА дуел“, изјави Карлос Такам..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON