Се крчка документарен филм за историскиот сребрен медал на Дејан Георгиевски на Олимпијадата во Токио

Од Македонската таеквондо федерација известуваат дека заедно со сериозна продукциска куќа подготвуваат докуметарен филм за освојување на сребрениот медал на Дејан Георгиевски на Олимписките игри во Токио 2020, односно 2021.

„Ќе пробаме што подетално да го опишеме патот до “„еможното”, да доловиме како дојдовме до единствениот олимписки медал од автентичен македонски спортист во независна Македонија.

Пеколниот пат ќе биде пресликан на филмско платно. Ќе се обидеме да објасниме што значи олимписка норма, и, секако, што значи олимписки медал. Народот уживаше во славењето на медалот, сега се надеваме ќе ужива во патот до него“, истакнуваат од МТФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON