Меѓународната џудо федерација (ИЏФ) планира да го откаже претстојниот Грен слем турнир во Токио.
Настанот, кој беше закажан за 11-13 декември, најверојатно ќе биде откажан поради пандемијата на коронавирус.
Во главниот град на Јапонија треба да се одржат 32. Летни олимписки игри, а организаторите сметаат дека можните случаи на инфекција со коронавирус ќе сериозно ќе го загрозат одржувањето на Игрите следната година.
Засега нема индиции дека Грен слемот во Будимпешта ќе биде откажан.
Настанот во Токио требаше да биде една од неколкуте големи натпреварувања на кои џудистите може да обезбедат место на Олимписките игри.