Ирката Ејми Броудхарст е последната боксерка која го победи биолошкиот маж, Имане Келиф, на која и беше дозволено да се натпреварува во бокс за жени на Олимписките игри во Париз. Алжирката/ Алжирецот Келиф загуби од Броудхарст во финалето на Светското првенство за жени на ИБА во Турција во 2022 година.
Келиф ја доби првата борба вчера на ОИ, откако италијанската противничка Анџела Карини се откажа од борбата по само 45 секунди од натпреварот. Откако беше погодена двапати, Карини реши да не продолжи да боксира.
Боксерката од Иркса вчера ги искажа своите ставови за ситуацијата во пресрет на контроверзната борба.
„Многу луѓе ме контактираат за Имана Келиф“, напиша Броудхарст. „Лично, мислам дека таа не направила нешто што може да се смета за „мамење“. Мислам дека е родена така и тоа е надвор од нејзина контрола. Фактот што веќе е претепана од девет жени кажува се“.
Have a lot of people texting me over Imane Khelif. Personally I don’t think she has done anything to ‘cheat’. I thinks it’s the way she was born & that’s out of her control. The fact that she has been beating by 9 females before says it all.
— Amy Broadhurst (@amybroadhurst12) July 31, 2024
Броудхарст вчера на X (поранешен Твитер) објави клип од вторта рунда од нивниот меч од пред две години.
Thoughts after watching this? pic.twitter.com/OtwDdkrtas
— Amy Broadhurst (@amybroadhurst12) August 1, 2024
Боксерката од Ирска беше светски првак во полусредна категорија на ИБА во 2022 година и го освои златниот медал во лесна категорија на Игрите на Комонвелтот во 2022 година. Таа беше избрана да се натпреварува во олимписките квалификации претходно оваа година, но беше поразена.
Вчерашната противничка на Келифа, Карини, која пред борбата тврдеше дека „може да се прилагоди само на правилата на Олимпијадата“, беше видена како плаче на средината на рингот откако борбата ненадејно заврши.
„Влегов во рингот да се борам. Не се откажав, но ударот премногу болеше, па доволно кажав“, изјави Карини по борбата. „Заминувам со крената глава“.