Се огласи авиокомпанијата со која Хабиб „западна во војна“: Нашата одлука нема никаква врска со неговата етничка припадност

Инцидентот што се случи меѓу Хабиб Нурмагомедов и персоналот на Фронтрер ерлајнс привлече големо внимание во јавноста. Во текот на викендот Хабиб се обиде да патува со авион од Лас Вегас до Лос Анџелес, но наиде на тешкотии пред да се качи на летот на Фронтрер ерлајнс.

Хабиб бил сместен на место лоцирано веднаш до излезот за итни случаи. Неопходно е лицето што седи до таа варта да зборува англиски, а според Хабиб, тиего  провериле пред да се качи во авионот и пред да седне на тоа место. Сепак, една стјуардеса дошла да направи дополнителна проверка, а при разговорот со Хабиб, стјуардесата заклучила дека Нурмагомедов, според неа, не е доволно добар говорител на англиски јазик и го замолила да го смени местото. Следела кратка вербална расправија, по што Хабиб морал да го напушти авионот, а Хабиб детално објаснил што всушност се случило.

„Прво, сакам да појаснам дека ова беше Фронтер, а не Алјаска ер. Госпоѓата што дојде кај мене со прашања беше многу груба уште од самиот почеток, иако јас одлично зборувам англиски и се согласив да соработувам, таа сепак инсистираше да ме тргне од моето место. Која беше причината за тоа, дали поради раса или националност, не сум сигурен“, напиша Хабиб на Инстаграм.

„Но, по две минути разговор, таа го повика обезбедувањето и ме избркаа од авионот, а по час и половина се качив во друг авион и се упатив кон мојата дестинација. Дадов се од себе да бидам смирен и со почит како што можете да видите на видеото. Но, следниот пат, членовите на екипажот треба да бидат подобри со клиентите“, додаде тој.

Видеото, кое го погледнаа милиони луѓе ширум светот, и страната на Хабиб во приказната предизвикаа голем гнев кон авиокомпанијата со седиште во Денвер, а нивната репутација е сериозно нарушена. Беше јасно дека ќе треба да дадат некакво соопштение за да го „изгаснат пожарот“ и токму тоа се случи. Во продолжение ви го пренесуваме нивното официјално соопштение.

„На 11 јануари 2025 година, додека летот 4401 од Лас Вегас до Сан Франциско се подготвуваше за полетување, стјуардеса започна рутински брифинг за патниците во редот за итен излез. Патникот Хабиб Нурмагомедов, кој седеше во излезниот ред, неколкупати беше прашан дали е подготвен и способен да помогне во случај на вонредна ситуација. Според стјуардесата, г-дин Нурмагомедов не одговорил и покрај повторените обиди, што го ставило во непочитување на прописите на FAA (прописите на Федералната управа за воздухопловство). Стјуардесата го известила г-дин Нурмагомедов дека може да биде преместен на друго надградено седиште или да го напушти авионот“.

„Видеата што кружат на социјалните мрежи не ја прикажуваат оваа интеракција, туку, напротив, покажуваат последователна интеракција откако агентот влезе од велзната врата во авионот и ја повтори можноста за трансфер. Поради почетната неодговорност на патникот (Khab9ba) и постојаното одбивање да ги смени седиштата, од него било побарано да го напушти авионот „во согласност со политиките на авиокомпанијата и ФАА“. Одлуката да се побара од патникот да го напушти авионот на никаков начин не била поврзана со неговата етничка припадност, а тој и неговите сопатници биле вратени за нивниот лет“.

Значи, имаме две спротивставени приказни, но впечатокот е дека „армијата на фанови“ на Хабиб уште некое време ќе продолжи да ја бомбардира компанијата Фронтер ерлајнс со навредливи коментари. Многумина веруваат дека Хабиб бил цел на персоналот бидејќи е од Дагестан и се сметал за потенцијална закана врз основа на неговата националност, што сериозно му наштетува на угледот на компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО